Ги известуваме сите заинтересирани дека Бигорскиот зборник на текстови, кој беше објавен по повод 20 – годишнината од возобновата на монашкиот живот во Бигорскиот манастир, е всушност една импозантна збирка од монашки и стручни текстови на македонски јазик, со превод на англиски и грчки, поместени на повеќе од петстотини страници, што на еден уметнички начин го илустрираат сето она што беше постигнато во овие изминати 20 години. Покрај текстовите на монашкото братство и сестринство, тука се наоѓаат уште и стручни прилози од следниве автори: Презвитер м-р Бобан Митевски; Дипл. социолог Ружица Денковска; Мирослав Спироски; Маргарета Столеска; Елизабета Арсоска; Јеромонах Доситеј (Талески); Академик Драги Ѓоргиев; Академик Ѓорги Поп-Атанасов; Д-р Викторија Поповска – Коробар; Д-р Јулија Тричковска; М-р Викторија Грозданова – Коцевски; Д-р Елизабета Касапова; Свештеник м-р Ристе Наумоски; Д-р Сашо Цветковски; Јасмина Чокревска – Филип.
Поради големиот интерес решивме Монографијата да ја направиме подостапна за сите верници, па оние коишто би сакале да го имаат овој Зборник, ќе можат да го нарачаат на следниов телефонски број: 070 342 970, и ние ќе се погрижиме да им биде доставен во најбрзо можно време.