По повод 46-та Галичка свадба, месната заедница “Галичник”, под претседателство на г. Александар Костиќ, одлучи на нашиот Старец, архимандрит Партениј, да му додели плакета во знак на голема благодарност за неговите несебични трудови и заложби за запазување на духот на Галичката свадба, како и за постојаната поддршка кон Галичани и кон галичките традиции, изразувајќи го тоа со зборовите:
„Месната заедница Галичник и организациониот одбор на Галичката свадба, на Архимандрит Партениј од Бигорскиот Манастир му доделуваат плакета, во знак на благодарност за неговата постојана поддршка и заложби кон оваа манифестација, како и заради неговата огромна соработка и вложувањето напори за опстојувањето на овдешните традиции и заживувањето на чудесниот и древен мијачки крај“.