Сестринството од манастирот Св. Георгиј Победоносец, Рајчица, денес, 04 октомври 2016 лето Господово, присуствуваше на промоцијата на книгата „Несвети, а свети“ од викарниот епископ на Московскиот Патријарх Кирил, Тихон Шевкунов, кој беше во неколку дневна посета на нашата земја. Монахињите од Рајчица на епископот Тихон му врачија пригодни подароци испратени од Старецот и Архимандрит Партениј, меѓу коишто беше и манастирската монографија „20 години возобновено монаштво“.
Архимандрит Партениј за жал не можеше да присуствува на промоцијата на оваа особено популарна книга, поради тоа што во тоа време Обителта на Бигорскиот манастир беше домаќин на ценети пријатели монаси, кои пристигнаа од Република Грција. Од друга страна, пак, епископот Тихон Шевкунов, иако претходно најавен, сепак, не ги посети манастирите Бигорски и Рајчица, поради влошената здравствена состојба.