Продолжува серијата на кражби по нашите древни храмови, и покрај сето нашеалармирање на јавноста. Осквернет е најубавиот храм во Мијачкиот крај, храм прочуен посвојот редок и вреден иконостас, но и по доста богатата галерија на стари икони коидатираат од XVI до XVIII век. Станува збор за надалеку познатиот храм посветен на св.Георгиј во с. Лазарополе, кој неодамна беше реставриран во сета своја убавина, и кој согодини ги плени и поклониците и туристите, восхитувајќи ги со својот прекрасен иуникатен лик. Групата крадци успеале да однесат скоро сè што било вредно во храмот -дел од престолните икони и другите ретки икони од XVI, XVIII и XIX век, цел горен ред одиконостасот, па дури и старата и неодамна реставрирана престолна резба. Послекражбата во црквата е оставен пустош. Влезната врата е буквално распарчена, иконите сеискорнати од ѕидовите и оваа жална слика е само еден тажен потсетник за нас дека еднонепроценливо богатство што некогаш го красеше овој раскошен храм е неповратнозаминато. За жал органите за безбедност се покажаа немоќни да влезат во трага на овааорганизирана група, или да направат било што да ја запрат оваа серија на кражби која нèлишува од најсветото и највредното.
- Ознаки:
- Икони
- Лазарополе
Поврзано
Фолтин, и љубовта со данок на додадена вредност
- 30 август 2026
Величествено Успенско бдение во Пречиста
- 29 август 2026
Кога височините стануваат храм – Евхаристија на Голем Крчин
- 24 август 2026
Шести Летен камп по Вероучение
- 24 август 2026











