Свештената Бигорска Обител на Светиот Јован Крстител, денес ја посети Амбасадорот на БиХ во Република Северна Македонија, неговата екселенција г. Драган Јаќимовиќ. Господин Јаќимовиќ беше придружуван од неговата сопруга г-ѓа Гордана Јаќимовиќ, како и од дописникот за весникот “Политика” од Република Северна Македонија, г. Жељко Шајн и неговата сопруга г-ѓа Снежана Шајн.
Почитуваните гости беа срдечно пречекани од нашиот возљубен Старец, епископот Антаниски г. Партениј, со кого споделија пријатни разговори и духовни искуства. Гостите потоа ги разгледаа манастирските објекти, се запознаа со историјата на храмот и Обителта, како и со манастирската мисија.