Денеска во посета на Свештената Бигорска Обител дојде Министерот за внатрешни работи, г. Оливер Спасовски, Директорот на Комисијата за односи со верските заедници, г. Даријан Сотировски и Државниот секретар за внатрешни работи, г-ѓа Магдалена Несторовска. Ценетите гости беа гостољубиво пречекани од нашиот старец и владика г. Партениј.
По повод илјадагодишниот јубилеј на Бигорски, Министерот Спасовски му подари на Старецот архијерејски жезол, а Владиката му го врачи на Министерот орденот „Претеча“, во знак на благодарност за искажаната поддршка и помош за евангелската мисија на нашата Обител.
На средбата се разговараше за впечатоците од великата прослава на Бигорското илјадалетие, за којашто сите ги искажаа своите воодушевувања.