Во Крстопоклоната недела од Светата и Велика Четириесетница, на 19 март, во посета на Свештената Бигорска Обител дојде вицепремиерот на државата, почитуваната г-ѓа Славица Грковска, во придружба на народната пратеничка, почитуваната г-ѓа Тања Томиќ. Ценетите гости беа срдечно пречекани од монашкото братство, а архимандритот г. Доситеј ги запозна со содржините и дејноста на манастирот. По обиколката на манастирскиот комплекс тие остварија средба и со игуменот на Обителта, старецот Епископ г. Партениј.
Поврзано

Благослов и духовна поткрепа за едно благородно спортско семејство
- 7 септември 2025

Средба на епископот г. Партениј со митрополитот г. Георгиј
- 18 август 2025

Посета на високи гости од Австрија во Бигорскиот Манастир
- 27 октомври 2024

Посета на амбасадорот на Австрија
- 31 мај 2024