Денес во пресрет на споменот на св. Јаков Брат Божји, Кој за Бигорската обител е силен молитвен застапник и за чие духовно присуство во Бигорски сведоштво се неговите свети мошти, во посета на манастирот пристигна нашиот драг пријател со кого нѐ поврзува долгогодишна и плодна
соработка, професорот Петко Златески. Како претставник на Библиското здружение а во име на таа соработка, нашиот многупочитуван гостин на манастирот и на присутните верници им подари околу триесетина примероци на „Новиот Завет“, како и десетина книги од неговото ново издание „Евангелска Катихеза“, што беше проследено со негова своевидна промоција на оваа книга и кратко излагање, а секако и неколку Библии. Оваа духовна литература ќе им послужи на браќата и манастирските гости при нивниот секојдневен православен живот.
-
(ВИДЕО) Богојавление во Ростуше и на Радика
- 19 јануари 2026
-
Традиционалното реканско бдение во пресрет на Богојавление
- 18 јануари 2026
-
Богојавление – осветување на тварта и спасение на целиот човек
- 18 јануари 2026
-
Почетокот на годината со благослов, благопожелби и благодат
- 14 јануари 2026
-
Време благопријатно и ден на спасението
- 14 јануари 2026
-
Споменот на Првомаченикот во Рајчица
- 9 јануари 2026
- Најчитани објави
Чуда на св. Јован
-
Ново чудо во Бигорски
- 3 февруари 2023
-
Чудата на Свети Јован во Бигорски не престануваат
- 7 септември 2022
-
Нови чуда на Свети Јован Крстител во Бигорски
- 29 јуни 2022











