Денеска, 11 април според стариот стил, нашата Православна Црква го празнува чесниот и светол спомен на еден голем ранохристијански Светија, ученик на Светите Апостоли и Маченик заради Христа, Епископот Пергамски Атипа.
Светиот Свештеномаченик Антипа живеел за време на императорот Домитијан (81-96). Тој бил современик на Светите Апостоли, коишто и го ракоположиле за Епископ на Црквата Пергамска, кога Светиот Евангелист Јован Богослов бил прогонет на островот Патмос. Во книгата Откровение, Свети Јован Богослов го нарекува Светиот Антипа „верен сведок“ и маченик заради Христа (Откр. 2,13).
Како архиереј на Црквата во Пергам, Свети Антипа го напасувал своето словесно стадо со секоја благочестивост и добродетел. Како Епископ на Пергам, иако веќе мошне стар, бил уапсен од идолопоклониците, откако претходно демоните им се јавиле и им рекле дека не можеле да останат на тоа место поради Антипа. Затоа бил одведен пред управникот и насилно принудуван да се откаже од Христа и да жртвува жртва на идолите. Управникот на секој можен начин се обидел да го убеди Светиот да се откаже од Христа, кажувајќи му дека работите од древноста се поценети, додека оние што се појавуваат од неодамна немаат никаква вредност. Му велел дека верата на јазичниците, идолопоклонството, е стара, расте низ вековите и има многу следбеници, и затоа е многу поважна од христијанската вера, која се појавила неодамна и има малку следбеници. На овој аргумент на управникот, Светиот одговорил со приказната за братоубиецот Каин. Му рекол дека убиството на братот од страна на Каин, иако овој бил многу постар, предизвикала и продолжува да предизвикува одвратност кај бесконечно множество народ и никој благочестив човек не би му завидувал на Каина. Управникот бил многу разгневен од одговорот на Антипа и тогаш наредил да го фрлат во вжарен челичен бик, каде што Светиот го завршил својот живот во годината 92 по Хр. и се преселил во вечната радост на својот Господ.
Неговите чесни и свети мошти биле погребани во Црквата во Пергам и постојано излевале благомирис и исцеленија.
Велелепен храм посветен на Светиот Антипа бил изграден и во Константинопол во 9. век.
Нашата Свештена Бигорска Обител со особена љубов го чествува споменот на Светиот Свештеномаченик Антипа Пергамски, кон кого нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј негува посебна почит, па и затоа нашата манастирска стоматолошка ординација и амбуланта го носи неговото име.
Манастирската ординација подолго време ја опслужува благочестивиот благочестивиот доктор Дејан Трифунвоски