Известување

Почитувани поклоници на Свештената Бигорска Обител,

Ве известуваме дека сите заинтересирани верници што сакаат да преноќеваат во Манастирот, задолжително треба да се најават неколку дена порано кај еден од манастирските гостоприемници (архондари):

– отец Сергиј: 070 304 316, или

– отец Силуан: 078 383 771,

кои, со благослов на игуменот, Архимандрит Партениј, се задолжени за сместување на гостите.

За престој во Манастирот потребно е да се почитува востановениот ред и да се присуствува на богослужбите и заедничките трпези. Пушењето и неблагословеното консумирање алкохол не е дозволено, исто како и недоличното облекување и однесување.
Истото ова се однесува и за престој во Манастирот Св. Георгиј Победоносец, Рајчица, при што можете да се најавите кај:
– сестра Екатерина: 078 738 403

Ви благодариме на разбирањето.