Драги деца и почитувани родители,
Со голема радост ве известуваме дека, со благослов на нашиот сакан епископ Антаниски, г. Партениј, ова лето започнуваме со одржување на Летни школи по Вероучение!
Овие школи ќе се одвиваат во прекрасниот Бигорски скит – манастирот посветен на сесловенските просветители и учители, Светите браќа Кирил и Методиј, кој се наоѓа над село Битуше, во срцето на планинската убавина.
Во ова мирно и инспиративно природно опкружување, децата и младите ќе имаат ретка можност да се запознаат со духовните вредности и етички принципи на Православната вера, да се запознаат со нејзината богата културна традиција и наследство, и сето тоа – додека уживаат во чистиот воздух, зеленилото и тишината на планинскиот амбиент.
📅 Оваа година ќе бидат организирани пет групи според возрасен критериум, и тоа:
• Прва група: 29 јуни – 3 јули | Деца од 10 до 12 години
• Втора група: 14 јули – 18 јули | Деца од 13 до 15 години
• Трета група: 20 јули – 24 јули | Млади од 16 до 18 години
• Четврта група: 27 јули – 31 јули | Деца од 10 до 12 години
• Петта група: 10 август – 14 август | Деца од 13 до 15 години
🙏 Во интерес на квалитетна организација, ве молиме:
• Да го почитувате возрасниот критериум, односно да не пријавувате деца под 10 години;
• Доколку, поради оправдани причини (болест и слично), вашите деца не можат да присуствуваат, ве молиме да нè известите најдоцна 7 дена пред почетокот на школата;
• Прием и одјава на децата се врши од 14:00 до 16:00 часот.
📱Пријавување:
За пријавување, ве молиме испратете порака исклучиво преку Viber или WhatsApp на бројот: 070 290 210 (сестра Ефимија).
Со огромна радост ги очекуваме вашите најмили, за да им подариме едно незаборавно духовно лето, исполнето со многу другарување!