
Почитувани читатели,
Ве известуваме дека на денот кога Православната Црква го слави споменот на Светите рамноапостолни сесловенски просветители и учители, солунските браќа Кирил и Методиј, во бигорскиот скит посветен на нив, во с. Битуше, во
петок, на 23 мај,
со почеток во 18:00 часот ќе биде отслужена празнична Вечерна богослужба на којашто ќе претстои Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј.
Сабота, на 24 мај,
во 08:00 часот ќе започне Утрената богослужба.
Во 09:00 часот ќе се отслужи Света архијерејска Литургија со којашто ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј.
Во храмот кој се наоѓа во напредна фаза на изградба и оваа година молитвено ќе се собереме, за да испросиме од Бога и од Светите Браќа благослов и поскоро завршување на нивниот нов дом. По завршувањето на богослужбите, во дворот на скитот ќе се одржи културно-уметничка програма.
На Светата Литургија ќе присуствуваат сите монашки заедници под духовно раководство на нашиот Старец, односно братството на Бигорскиот Манастир и сестринствата од Рајчица, Пречиста и Кнежино.
Христос Воскресе!
Со благослов на Епископот Антаниски г. Партениј
игумен на Свештената Бигорска Обител