Минатата недела, во храмот на Руската Православна Црква во Дамаск беше отслужена Божествена Литургија. Богослужението го изврши игумен Арсениј (Соколов), кој е претставник од Московската Патријаршија при Антиохиската Патријаршија и целиот Исток во Ливан.
На молитвеното собрание, во храмот посветен на Св. Игнатиј Антиохиски присуствуваа чедата на Руската Православна Црква, кои живеат во Дамаск, Алепо, Тартус, и други градови од земјата.
Претходниот ден, претставникот на Московската Патријаршија зеде учество на конференцијата на руските сонародници што живеат во Сирија. На настанот кој се случи во Дамаск, за првпат после неколку години се сретнаа претставниците на руските културни и општествени асоцијации, од ослободените градови и провинции од Сириско Арапската Република.