Архиерејска Литургија во параклисот на Св. Николај

Денес, кога православната Црква го слави споменот на Светата Маченица Христина, нашиот старец и владика, Неговото Преосвештенство, Епископот г. Партениј, отслужи Божествена архијерејска Литургија во параклисот на Свети Николај Мирликиски Чудотворец. Вообичаено, кога се наоѓа во Бигорскиот Манастир, тој секој четврток, како седмичен ден посветен на Св. Николај, служи сам во неговиот параклис. Овој пат богослужбата се совпадна со 25-годишнината од замонашувањето на Старецот и од неговото ракополагање во јероѓаконски чин.

На многаја лета!