Чудо на светите Пајсиј и Порфириј го вратија момчето во живот

Извор:

Грчки медиуми соопштија за две чуда на светите Пајсиј Светогорец и Порфириј Кавсокаливит. Имено на 22 април 16-годишниот Димитриј Николопулос паднал од базен на покривот во градот Ксанти и осум дена поминал во кома. Лекарите на главната болница во Кавала (каде подоцна бил донесен постраданиот) сметале дека младиот човек е на умирање и не му давале никакви шанси за оздравување.

Популарниот грчки магазин „Еспресо“ стапиле во контакт  со таткото на Димитриј, Василис Николопулос и свештеникот Јован Марелис. Всушност Јован го благословил момчето додека тоа се наоѓало на одделението на интензивна нега и се молел за неговото исцеление. По разговорот со него и другите очевидци, новинарите објавиле опширна вест посветена на чудесното исцеление.

Сѐ започнало со тоа што очајните родители слушнале од пријателите за свештеникот Јован Марелис, настојател на храмот „Свети Георгиј“ во Ксанти, кој чувал скуфија (капа) од преподобниот Пајсиј Светогорец.

„Сфатив дека нема да можам да ја донесам скуфијата на Свети Пајсиј, бидејќи во тој момент се наоѓаше во далечниот град Александруполи. Најдобро решение беше да ја замолам игуменијата Ана од манастирот на Свети Порфириј Кавсокаливит, во близина на Ксанти, да ми го донесе епитрахилот на преподобниот што се чува во таа обител. Јас појдов во Кавала каде што беше постраданиот Димитриј и започнав да се молам за неговото исцеление. На момчето немаше ниедно здраво место, тоа беше целото искршено“, раскажуваше отец Јован.

Свештеникот ги замолил лекарите и сестрите да му дозволат да го стави епитрахилот од преподобниот на главата на Димитриј. Во тој миг за здравјето на момчето се молеле сите присутни.

„Јас реков Христос воскресе, бидејќи сето ова се случуваше во пасхалниот период. Во тој миг медицинските апарати на кои беше приклучено момчето почнаа да испуштаат сигнали, со болниот буквално се случи нешто тогаш“, продолжи да раскажува свештеникот.

Следниот ден на отец Јован му се јави возбудениот Василис Николопулос: „Се случи чудо! Момчето почна да ги движи рацете и нозете! Докторите признаа дека слученото е неверојатно. Како последица на сериозните повреди на главниот мозок, докторите воопшто не ни помислуваа на оздравување. Сепак Димитриј целосно се разбуди. Мозокот  проработи. Ние доживеавме чудо, цело време се молевме и нашиот син се спаси!“

Пред речиси две недели од споменатиов настан се случило друго чудесно исцеление. На хоспитализираниот 22-годишен млад човек му било дијагностицирано „клиничка смрт“. Родителите на момчето ги положиле сите надежи на Бога и на молитвеното застапништво на преподобен Пајсиј. Откако во болницата била донесена скуфијата на Пајсиј Светогорец младиот човек потполно се исцелил.

Информациите за овие чудени настани беа потврдени и од вработените од болницата во Кавала.