Лекари од Самос откажаа да вршат абортуси

Извор:

Загрижувачка статистика беше наведена од страна на еден од Архиереите на Грчката Православна Црква, Митрополитот Пирејски Серафим, во врска со бројот на извршени абортуси на годишно ниво, со која тој истапи во поддршка на анестезиолозите од болницата на островот Самос, кои откажаа да вршат абортуси.

Според неа, во врска со овој проблем во Грција, каде што православието е официјална државна религија, ситуацијата е дури и полоша отколку во денешна Русија. Така според податоците на владика Серафим, на 11 милиони население во Грција се случуваат 300 илјади абортуси годишно. За споредба, на 140 милиони руско население официјално се вршат 1 милион абортуси, а неофицијално таа бројка оди до 4 милиони.

Притоа, според зборовите на грчкиот Архипастир, секој трет абортус во Грција е извршен на девојче под 18 години. Следствено во Грција секоја година се раѓаат вкупно 90 илјади луѓе, а умираат 120 илјади.

Во врска со ова грчките ерарси се трудат да ја подржат секоја иницијатива насочена против вршењето абортуси. Така Митрополитот Пирејски Сефафим и неговиот собрат Митрополитот на островот  Самос Евсевиј застанаа во поддршка на анестезиолозите од болницата на островот, кои колективно одбија да даваат анестезија на бремени жени за време на абортуси.

Во својата писмена изјава предадена до раководството на болницата вработените предупредија дека според своите религиозни убедувања и грижа на совеста одбиваат да даваат анестезија во случај на спроведување на такви зафати. Според член 31 од законот 3418/2005 (правилник за лекарска етика) раководството на болницата нема право да ги принуди лекарите да учествуваат во споменатиот зафат. Одлуката на анестезиолозите на Самос предизвика бурни реакции кај грчките либерални медиуми и протести на феминистичките организации. Сепак оваа иницијатива на лекарите ја доби полната поддршка од страна на ГПЦ.