Под силен протокол и мерки за заштита и превенција од коронавирусот, во Кувуклијата на Гробот Христов се отслужи Божествена Литургија, со која чиноначалствуваше Патријархот Ерусалимски во сослужение со свештенството на Ерусалимската Патријаршија.
Интересно е тоа што за време на Литургијата Евангелието се прочита на четири јазици, и тоа: грчки, арапски, црковнословенски и романски.
Според традицијата, на крајот од свечената богослужба, Патријархот Теофил ја благослови и подели Василопитата.
За Бигорски Mанастир од Ерусалим,
Сестра Лаврентиа