БПЦ: Наш свештен долг е да бидеме Црква-мајка и да помогнеме за канонскиот статут на МПЦ

Извор:

Со оглед на фактот што МПЦ ја признава БПЦ – БП за своја Мајка -Црква, БПЦ – БП со сознание за својот свештен долг ја прифаќа одговорноста да покаже полно содејствие, со тоа што ќе посредува и ќе се застапува пред Помесните православни цркви, претприемајќи сè што е неопходно за востановувањето на канонскиот статут на МПЦ.

Тоа се кажа во решението на Св. Синод по повод испратеното писмо од Македонската православна црква.

„Свети апостол Павел учи за Црквата дека е тело Христово, кога вели: „А кога страда еден орган (од телото Христово), тогаш страдаат сите органи; и кога се слави еден од органите, тогаш со него се радуваат сите органи.” (1. Кор. 12,26).

  • 1. – Св. Синод на Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија, на своето заседание на 27.11.2017 г. – во полн состав, го разгледа писмото № 676/14.11.2017 г., на Македонскиот архиепископ Стефан, Претседател на Св. Синод на МПЦ.

Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија, никогаш не била безразлична кон страданијата на Македонската православна црква, поради што, после направени дискусии,

Св. Синод еднодушно РЕШИ:

При положението дека МПЦ ја признава БПЦ – БП за своја Мајка -Црква, БПЦ – БП со сознание за својот свештен долг ја прифаќа одговорноста да покаже полно содејствие, со тоа што ќе посредува и ќе се застапува пред Помесните православни цркви, претприемајќи сè што е неопходно за востановувањето на канонскиот статут на МПЦ.

  • 2. – Во врска со претходното решение,

Св. Синод РЕШИ:

Се определува Синодална архиерејска комисија за преговори со МПЦ и останатите Помесни православни цркви за востановувањето на канонскиот статут на МПЦ во состав: Старозагорски митрополит Кипријан – Претседател, и членови: Ловчански митрополит Гавриил, Пловдивски митрополит Николај, Западно- и Средноевроски митрополит Антониј, Варненски и Великопреславски митрополит Јоан, Неврокопски митрополит Серафим, Русенски митрополит Наум и Врачански митрополит Григориј.

Извор: Българска патриаршия