Годишнина од интронизацијата на митрополитот Киевски

Извор:

Овие денови се исполнува една година од интронизацијата на митрополитот Киевски г. г. Епифаниј.

Украински епископи од целата земја, како и претставници на Вселенскиот патријарх, Александрискиот патријарх, Еладската црква и Света Гора учествуваа во светата Литургија која беше отслужена во соборниот храм на Архангел Михаил.

Константинопол беше претставуван од митрополитот Француски Емануил, Александрија од епископот Вавилонски Теодор, а беше прочитано поздравно послание од архиепископот Атински Јероним. Света Гора беше претставувана од игумените Симонопетриски Елисеј и Пантократорски Гавриил.