Сослужување на Вселенскиот Патријарх, Атинскиот Архиепископ и Митрополитот Киевски

Извор:

Божествена Литургија беше отслужена во црквата посветена на Успението Богородично на Тасос, возглавена од Вселенскиот Патријарх, а во сослужение со Атинскиот Архиепископ и на цела Грција, г. Јероним и Киевскиот митрополит и на цела Украина, г. Епифаниј, со учество на неколку други свештенослужители.

Митрополитот Епифаниј, обраќајќи му се на Патријархот, на Археипископот, како и на митрополитот на Филипи, Неаполис и Тасос, Стефан, не ја сокри својата радост и емоција за овој историски настан, и како што тој го опиша, заедничарење на тројцата Поглавари и на заедничката Литургија која тие ја служеа:

„Зборовите не можат да ја опишат духовната радост за денешната Божествена Литургија“, и додаде: „Ние тука заедно сведочиме за единството на Христовата Црква“.

Обраќајќи му се на Патријархот, тој нагласи: „Ваша Сесветост, Вие го посветивте Вашиот живот на единството на Црквата и вложивте многу труд за Светиот и Велик Синод да изнајде решение на хроничните проблеми на Православната Црква, враќајќи ги во единство Црквите во Украина и Северна Македонија“.

Исто така, тој додаде: „Некои го негираат црковното единство во име на моќта. Тие бараат световна моќ и богатство“, и им порача да „се откажат од тврдоглавоста и да се вратат во вистината и единството на Црквата“.

Тој, исто така, се заблагодари на грчкиот народ за поддршката што му ја покажува на неговата земја и за важната хуманитарна помош што ја испратија во овој тежок период. „Ние Украинците“, нагласи тој, „се бориме за нашата земја, за нашата Црква и за нашиот народ“.

Обраќајќи му се на Архиепископот, тој ја изрази својата радост за братската љубов што и тој и Црквата на Грција ја покажаа кон благочестивиот народ на Украина.

Вселенскиот Патријарх во својот говор, осврнувајќи се на значајниот историски тек на Црквата, истакна дека во својот вековен тек, и покрај проблемите и тешките услови, таа на крајот секогаш успева да го најде вистинскиот пат и успешно да се соочи со сите проблеми.

Неговата Сесветост направи краток осврт на проблемот со кој неколку години се соочуваше Црквата на Украина, истакнувајќи дека „Вселенската Патријаршија реши голем проблем, со многу внимание и длабоко проучување“. Тој дури го окарактеризира украинскиот раскол како „тежок, трнлив и нерешлив“, бидејќи во него беа вклучени и политички сили.

На темата за валидноста на ракополагањата што главно ги подигнува Руската Црква, но и на таканаречените самохиротонисани епископи во Црквата на Украина, Неговата Сесветост беше апсолутно категоричен.

Тој ги окарактеризира како „искривување на вистината“ и „заблуда што служи само за целисходност“ за да додаде дека сите лажни информации што се шират се „фикција, производи на насочена пропаганда. А некои луѓе ја познаваат пропагандата“.

Во многу делови од својот говор, Поглаварот на Православието ги истакна големите и неуморни напори на Вселенската Патријаршија во текот на долги години, со цел да се најде решение за прашањето на Црквата на Украина, посочувајќи дека многупати се обратиле до сите страни кои се вклучени да ги објаснат своите ставови, за да се најде одржливо решение, прифатено од сите.

Тој се осврна и на ставот на атинскиот Архиепископ, велејќи дека Црквата на Грција и г. Јероним секогаш на прво место ги ставаат најдобрите интереси на Црквата.

Општината синоќа ги прогласи Вселенскиот Патријарх и архиепископот на Атина и на цела Грција за почесни граѓани на островот, а на митрополитот Киевски г. Епифаниј му додели плакета за неговата посета на островот.