Денеска во пријателска посета на Свештената Бигорска Обител допатува Амбасадорката на Украина во земјава, Нејзината Екселенција г-ѓа Лариса Дир, во придружба со свои соработници. Ценетите гости беа пречекани во духот на манастирското гостопримство. Најнапред од страна на браќата им беше раскажано за историјата, за содржините и за современата мисија на Манастирот и Братството. Потоа Нејзината Екселенција оствари средба со нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, во неговиот работен кабинет. Старецот и Амбасадорката разговараа за војната на Русија против Украина. Владиката забележа дека нема православен Христијанин кој би иницирал или поддржал војна и завојувачки акции и ја осуди агресијата како начин за решавање на какви било несогласувања. Старецот уште еднаш го изрази нашето сострадание и поддршка за страдалниот народ во Украина, кој на своја кожа ги преживува стравотните зла на војната започната од Русија, а Нејзината Екселенција му се заблагодари на Старецот за сочувството. Владиката заклучи дека Православието треба да служи за мир и за единство во љубовта Божја на сите народи, во духот на универзалноста на Евангелието.
Поврзано
Соопштение за Летните школи по Вероучение 2026
- 28 април 2026
Божествена Литургија во храмот на свети Јаков во Фиренца
- 26 април 2026
Срдечен прием во Венеција и поклонение на големи светињи
- 26 април 2026











