Игуменот на Симонопетра кај Епифаниј Киевски

Извор:

Игуменот на светогорскиот манастир Симонопетра, г. Елисеј, од 1-ви февруари о.г. се наоѓа во Киев, Украина, заради празнувањата на годишнината од интронизацијата на митрополитот г. г. Епифаниј Киевски.

На средбата која се случи во саботата, митрополитот му се заблагодари на старецот Елисеј за неговата посета, истакнувајќи дека таа претставува голема чест за него.

Игуменот Елисеј е придружуван од о. Нил Симонопетриец и од о. Хризостом, од ќелијата на св. Јован Златоуст (Кутлумушки скит).