Интронизиран новиот архиепископ на Велика Британија

Извор:

Интронизацијата на новиот архиепископ на Тиатир и Велика Британија, Никита, се одржа во саботата на 27 јули, во историската соборна црква на Света Софија во Лондон, во присуство на ерарси и бројно свештенство. Претставник на Вселенската Патријаршија на интронизацијата беше митрополитот на Франција, Емануел, кој му се обрати на новиот архиепископ на Тиатир. Тој ја истакна големата духовна одговорност што архиепископот Никита ја презема на себе, земајќи ја грижата за верната паства и станувајќи наследник на многу духовни луѓе и проповедници.