Денес, 4 јануари 2019 година, Н. Б. Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј во патријаршискиот двор го прими Неговото Сепреподобие, јеромонахот г. Лука Ксенофонтски.
Отец Лука, најпознатиот светогорски зограф и краснописец, на Неговата Сесветост му го врачи пергаментот на кој е краснописан Томосот за автокефалијата на Црквата во Украина, а изработен од него, со благослов на неговиот игумен, Архимандрит Алексиј од манастирот Ксенофонт, Света Гора.
Пратениците од Украинската Црква, на чело со Претстојателот, Митрополитот Киевски г. Епифаниј, веќе се пристигнати во Фанар, каде што утре ќе присуствуваат на свечениот чин на потпишувањето на Томосот од страна на Вселенскиот Патријарх. Во недела, пак, двајцата претстојатели ќе сослужуваат во Великата Црква за празникот Богојавление, според новиот стил. Во текот на Божествената Литургија Патријархот ќе му го врачи Томосот на Митрополитот Епифаниј.