Ќе биде обновен византиски манастир од IV век, близу Трапезунт, Турција

Извор:

Древниот православен манастир „Вазелон“, кој долги години беше запуштен, подложен на осквернување од вандали и предаден на уривање, најпосле ќе биде возобновен. Не се знае точната година кога манастирот бил основан, но научниците претпоставуваат дека датира некаде помеѓу 270 и 317 година и бил возобновен од Императорот Јустинијан во 565 година.

Состојбата на манастирот била толку жална што ги поттикнала и самите власти да дејствуваат, па Министерството за туризам на Турција, поднело тендер за возобновување на манастирот, кој ќе биде финансиран од Фондовите на Европската Унија. Реставрацијата ќе започне во 2020 година и целта е што поскоро да се возобнови за потребите на туризмот.

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј го посетил овој манастир во август 2011 година и заедно со своите свештенослужители запалил свеќа на ова свето место и се помолил за неговото возобновување.