Московска Патријаршија: Црквата никогаш не се спротивставувала на вакцините

Извор:
Владимир Легојда | РИА Новости

Во своето интервју за РИА Новости од 19 јануари 2021, претседателот на Синодалниот оддел за врски со јавноста и медиумите при Московската Патријаршија, Владимир Легојда изјави дека „во повеќето руски храмови и манастири се запазуваат сите противепидемични мерки и затоа не се неопходни посебни проверки од страна на здравствените власти за извршување на контрола за запазувањето на мерките“.

„Христијанската одговорност на старешините на храмовите и на верниците е најдобрата гаранција за сигурност при запазувањето на мерките“ – рече Легојда.

Тој изрази мислење дека „прашањето по однос Ковид пандемијата не е догматско прашање, а според тоа не може и не треба оваа тема да ја разделува Црквата“.

По однос вакцинирањето против Ковид-19, портпаролот на Московската Патријаршија изјави:

„Вакцинацијата е решавачко средство за победување на многу епидемиолошки заболувања. Црквата никогаш не се спротивставувала на вакцинацијата. Но, се разбира, го остава како исклучително важен принципот на доброволната вакцинација, т.е. запазувањето на човечката слобода и достоинство.

Секој зрел човек сам треба да реши за себе си дали да се вакцинира, или да не се вакцинира. И ние не треба да ги отфрламе оние кои поради некоја причина (на пример поради заболувања), не можат да бидат вакцинирани.

Некои епископи и презвитери, по нивни избор, веќе се вакцинираа против коронавирусот, но тие не го наметнуваат своето решение на никого“.