Појаснување од Православната Црква на Романија

Извор:

Појаснувањето на Православната Црква на Романија во однос на нашето црковно прашање:

„На 9 февруари 2023 година, Светиот Синод на Романската православна црква го одобри признавањето на автокефалијата доделена на Православната црква во Република Северна Македонија од Патријаршијата на Србија преку нејзиниот синодален томос издаден на 5 јуни 2022 година.

За време на синодското заседание, одлуката на Вселенската патријаршија од 9 мај 2022 година, за востановување на канонското и евхаристиско општење со Православната црква во Република Северна Македонија, водена од Архиепископот Стефан, беше земена предвид. Понатаму, Вселенската патријаршија ѝ го довери на Црквата на Србија регулирањето на административните аспекти што се однесуваат на организирањето на новата Црква во Северна Македонија.

Друга тема што беше земена предвид од романските јерарси беше прашањето на автокефалијата и средствата преку кои се доделува и признава, што беше анализирано во текот на неколку работни состаноци на Меѓуправославниот комитет за подготовка на Светиот и велик собор на Православната црква.

Гледиштето на Романската православна црква по однос на автокефалијата, коешто беше исто така претставено и на Средбата на подготвителниот комитет за Светиот и велик собор во Шамбези (2011), е следново:

Светиот Синод на мајката Црква е канонскиот авторитет што може да додели автокефалија на ќерка Црква преку синодален томос потпишан од Претстојателот на мајката Црква, заедно со сите епископи од тој Свет Синод. Признавањето на новата автокефалија ѝ припаѓа на целата Православна Црква, а се остварува преку томос за признавање на автокефалијата, потпишан без никаква дистинкција, од сите претстојатели на автокефалните православни цркви, по редот на диптисите, во склоп на Синаксисот на претстојателите на православните цркви.

Имајќи ја предвид оваа информација, Светиот Синод на Романската православна црква ги почитува одлуките на Вселенската патријаршија да ги прими во евхаристиско општење јерарсите, клириците, монасите и верните под Архиепископот Стефан и да остави на Патријаршијата на Србија да ги регулира административните аспекти помеѓу двете цркви.

После признавањето на првичниот синодален томос издаден на 5 јуни 2022 од Патријаршијата на Србија, кој ѝ доделува автокефалија на Православната црква во Република Северна Македонија, Светиот Синод на Романската православна црква очекува Вселенската патријаршија да започне (консултации) и издаде конечен томос за автокефалија за да изрази сеправославен консензус по ова прашање на признавање на автокефалијата“.