На 22. Јули 2019, верниците од градот Каканда, радосно го пречекаа митрополитот Мелетиј од Катанга, кој пристигна да го одреди точното место за идниот храм. Митрополитот го истакна големото значење на овој настан, велејќи дека „Онаму каде што се втемелува храм, се протерува ѓаволската сила“, и им се заблагодари на дарежливите дарители, кои придонесоа оваа голема потреба на верните од Каканда да стане реалност.
Како претставник на дарителите, архимандритот Василиј Јанакис од митрополијата Неа Смирни меѓу другото рече: „ Каменот темелник Го симболизира Христа и нашата вера во Него. Црквата наша е втемелена на оваа вера и нема сила што може да ја надвладее “.
Епархијата на Катанга беше создадена со патријаршиски благослов на 1 ноември 2006.