Екслузивно интервју на Симона Халеп: „Мајката Божја е секогаш во моите мисли“

Извор:

Откако го прими највисокото признание на Романската Православна Црква, шампионката на Вимблдон зборуваше за нејзината посветеност и верност кон Мајката Божја. Тенисерката откри во своето интервју дека љубовта кон Бога и Богородица и била пренесена од нејзиното семејство.

„Никогаш не се двоумев јавно да ја исповедам својата вера“, изјави победничката на турнирот во Вимблдон, која секогаш Му благодари на Бога за своите постигнувања и го изобразува знакот на чесниот крст на тениското игралиште.

Базилика.ро: Кој светија ти е посебно мил, кого посебно го повикуваш во молитва кога ти е потребна помош? 

  • Мајката Божја е секогаш во моите мисли!

Базилика.ро: Многу си приврзана со  својата фамилија. Дури и победата на Вимблдон ѝ ја посвети на својата мајка. Што мислиш, колку помага здравиот однос со своите родители во градењето на младата личност? 

  • За да можеш да постигнеш големи нешта во овој живот, потребна ти е целосната поддршка на твоите родители. Сметам дека без нив ја немаш потребната внатрешна сила.

Базилика.ро: Во Списите на светите отци често се користат спортски термини за да се опишат духовни подвизи или борби, особено бидејќи дисциплината и упорноста се неопходни и во подвижништвото и на спортските терени. Колку тие значат во твоите спортски постигнувања? 

  • Дисциплината е нај важниот аспект на изведбата. Упорноста е неопходна за да можеш да продолжиш напред после секој пораз.

 

Базилика.ро: За да се погрижи за физичкото здравје, покрај духовното, Црквата презеде иницијатива за различни спортски натпревари за деца на ниво на парохиите и епархиите. Што мислиш за овие црковни иницијативи? 

  • Ги поддржувам. Спортот е добар за здравјето и за менталната рамнотежа. На сите ни треба позитивна енергија, а спортот навистина помага.