Прв православен храм на островот Пханган, Тајланд

Извор:

Епископот Венигородски Антониј, за време на својата архипастирска визита на Тајланд, го освети првиот православен храм на островот Пханган во Сиамскиот залив на југот од државата. Еднокуполната црква е посветена на Преп. Серафим Саровски и беше изградена за време од половина година од средствата на верниците. Инаку, на островот постојано живеат околу 400 жители од руско-јазичната дијаспора. Последната година во Тајланд, каде повеќе од 90 % од населението е будистичко, се отворија и осветија веќе 10 православни храмови со значителен број на верници меѓу локалното население. Во провинцијата Ратчабури постои и активен машки манастир. А пред 3 години во Бангкок беше отворен соборен храм посветен на Св. Николај Чудотворец.