Првиот меѓународен симпозиум за православни жени псалти, ќе се одржи на крајот на ноември, во Тесалиската конференциска сала на Митрополијата на Деметра и Алмирос, во градот Волос, Грција. Во програмата на симпозиумот е вклучена презентација на академски студии за византиската музика, работилници, концерти, црковни служби и посета на локалните светињи. Симпозиумот е посветен на света Кикилија која што е тесно поврзана со црковната музика и уметност. Се слави и од православната и од римокатоличката црква, секоја година на 22 ноември.
На симпозиумот е предвидено да земат учество православни жени псалти од цела Грција и од странство, студенти од сите оддели на музичките училишта, конзерваториуми, црковни школи итн., како и монахињи и сите заинтересирани кои негуваат љубов кон псалмодијата. Во програмата на симпозиумот е вклучен и прв фестивал на женски византиски хорови.