Прва Богослужба во чест на Св. Герасим Химнограф

Извор:

На 10ти јануари оваа година, светиот Синод на Константинополската Патријаршија го канонизираше старец Герасим Химнограф, кој се упокои во 1991 година и беше познат како голем аскет, автор на повеќе од 2000 богослужби. Ова беше прва празнична богослужба во негова чест, која што беше отслужена од страна на неговото духовно чедо, митрополитот на Верија г. Пантелејмон. Сеноќното бдение и Божествената Литургија беа отслужени во храмот на манастирот Панагија Добра во Верија со учество на монашките братства и бројните верни од митрополијата. Присутните имаа можност да се поклонат на делче од светите мошти од новоканонизираниот Светија.