Сеќавајќи се на зборовите на Спасителот Господ Исус Христос, дека секој што верува во Него преминува од смрт во живот, Свештената Бигорска Обител, предводена од својот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, со жал во срцата поради привремената разделба, молитвено ја испраќа во Христови раце душата на својот сакан Мето Јовановски, легендата и апогејот на македонскиот филм и театар, а воедно и нејзин близок пријател и соработник.
Мето често го посетуваше Бигорскиот Манастир и неговиот метох во Рајчица, разговарајќи и дружејќи се со Старецот на Обителта и со браќата монаси и сестрите монахињи. Тој, со своето уметничко дело, не само што ја обогати нашата култура како култен актер, туку и стана светилник на верата, добрината и благородството. Неговото присуство меѓу нас беше како тих збор на искуство и мудрост, кој носеше спокој и богатство во душата.
Меѓу неговите последни творечки остварувања беше главната улога во видеоспотот за божикната каланда „Христос се раѓат, на светот радост“, снимен во Бигорски и во Галичник.
Сега нашите молитви се со неговата новопретставена душа, за да најде одмор и спокој во Христовите обители, каде што нема ни тага, ни билка, ни осаменост, туку светлина и радост.
Добро воскресение и добар Рај, пријателу наш сакан!