Денес, во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир, пристигна Амбасадорот на Република Словачка, г. Хенрик Маркуш, заедно со својата сопруга г-ѓа Жанета Маркушова, како и г-ѓа Катарина Хорнакова и г. Стојан Лековски.
Г. Хенрик е долгогодишен пријател на нашите Обители и секогаш кога е во можност, и заради своја духовна полза, ги посетува нашите Светилишта.
Почитуваните гости беа срдечно пречекани од страна на нашето братство и сестринство и запознаени со тековните активности на манастирите, како и нивната социјална мисија. Изразуваме огромна благодарност до нив за споделената радост и прекрасно поминатите заеднички мигови.