Сочувство од Вселенскиот Патријарх

Извор:

Вселенскиот Патријарх испрати сочувствителни пораки до Претседателката на државата и до Митрополитот Брегалнички

Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, дознавајќи за трагичната несреќа што се случи во раните утрински часови во забавен центар во градот Кочани, Северна Македонија, при што животот го загубија 59 лица, а повеќе од 100 беа повредени, испрати сочувствителни пораки до нејзината Екселенција, Претседателката на државата, г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова, како и до надлежниот архиереј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион.

Неговата Сесветост се моли Семилостивиот Бог да ги упокои душите на жртвите и да им даде сила на нивните семејства, како и за брзо закрепнување на повредените. Исто така, ја изразува својата длабока тага, сочувство и поддршка, како лично, така и од страна на Светата Христова Велика Црква, до народот на Северна Македонија, кој е потресен од оваа трагедија, стои во соопштението од Вселенската Патријаршија.