Светиот Архиерејки Синод на Српската Православна Црква, благовремено и во законско предвидениот рок ги поднесе до владата на Република Србија забелешките и ставовите во врска со предлог законот за истополовите заедници.
Споменатиот предлог закон е неприфатлив за Српската Православна Црква , бидејќи огромен дел од предложени одредби се во спротивност со Христовото Евангелие и целовкупното искуство и опит на Црквата, на чии што темели духовно и морално е изграден нашиот српски народ како и целата европска цивилизација.
Недопустливо е истополовите заедници законски да се поставуваат на исто рамниште со бракот и семејството, како што е наведено во текстот на нацрт законот, бидејќи така се дискриминира брачната заедница, како Христијанска, и со Закон заштитена вредност. Црквата ја почитува слободата што ни е подарена од Бога и го разбира човечкиот стремеж својата слобода да ја искажува на различни начини.
Светиот Архиерејски Синод се согласува дека постои потреба за остварување на одредени лични имотни и други права на оние на кои се однесува наведениот нацрт закон, но аргументирано укажува на можноста овие права во потполност да се реализираат во рамките на правниот поредок на Република Србија и тоа по административен пат, без да има потреба да се менува брачното и семејното законодавство.
Светиот Архиерејски Синод нагласува дека го прифаќа и го промовира дијалогот како единствен неопходен пат за изнаоѓање решение во врска со сите прашања од општестевено значење, како и за ова прашање кое предизвика голема загриженост.
Светиот Архиерејски Синод го израдува своето очекување дека по ова прашање ќе бидат уважени аргументите на Српската Православна Црква.