Во зградата на Светиот Синод на БПЦ-БП во Софија се одржа средба меѓу комисиите на Бугарската Православна Црква – Бугарска Патријаршија и Македонската Православна Црква – Охридска архиепископија. Официјалното соопштение на БПЦ-БП гласи:
„На 21 декември 2017 г. согласно решението на Св.Синод на БПЦ-БП, протокол № 27 од 15.12.2017 г., комисијата од Бугарската православна црква во состав:
- Старозагорски Митрополит Кипријан – претседател на комисијата;
- Ловчански Митрополит Гавриил;
- Пловдивски Митроплит Николај;
- Варненски и Великопреславски Митрополит Јоан;
- Неврокопски Митрополит Серафим;
- Врачански митрополит Григориј,
се сретна со комисијата од Македонската Православна Црква во состав:
- архиепископ Македонски Стефан;
- Преспанско-Пелагониски митрополит и администратор Австралиско-Новозеландски Петар;
- Дебарско-Кичевски митрополит и администратор Австралиско-Сиднејски Тимотеј;
- Хераклејски епископ Климент, секретар на комисијата;
коишто со братска во Христа љубов ја разгледаа ситуацијата околу Македонската Православна Црква и нејзиниот канонски статут и во единомислие во името на добротворството, и меѓусебните братските односи, ги одредија дејствијата за реализирање на донесеното решение од Св. Синод на БПЦ-БП протокол № 22 од 27.11.2017 г.“
Фотографија: БГНЕС