Во саботата, на 25 мај 2024 година, во мисионерскиот центар Кинтамали на православната епархија Аруша и Централна Танзанија се одржаа групни крштевки на 227 огласени, со учество на Митрополитот на Молдавија и Буковина, г. Теофан и на надлежниот пастироначалник Епископот г. Агатоник од Александриската Патријаршија.
Уште од рано наутро верниците и огласените (катихумените) од сите парохии на округот Иринга, густо ги наполнија просториите на мисионерскиот центар, чекајќи да започнат крштевките. Под жешкото африканско сонце никој не се жалеше од жештините, бидејќи радоста од претвкусот на Педесетницата беше особено силна. Со многу трпение малите деца заедно со своите родители ја чекаа својата лична средба со Христос!
Многу е утешно што цели семејства го прифаќаат православието, а потоа ги носат своите младенчиња да се крстат, создавајќи на тој начин силна традиција која со Божјата благодат ќе се пренесува од колено на колено и православието ќе пушти длабоки корени во Танзанија.
По завршувањето на Светото Таинство, беше поставена голема трпеза, за повеќе од 600 луѓе, понудена од сите анонимни дарители на Мисионерскиот центар „Свети Дионисиј од Олимп“.