Вонредна вест: ГПЦ официјално ја призна Украинската автокефалија

Извор:

Пред малку заврши вонредното заседание на Светиот синод на јерархијата на Грчката православна црква, која заседаваше под претседателство на архиепископот Атински и на цела Грција г. Јероним.

Во текот на заседанието архиепископот имаше излагање на тема „Известување за автокефалијата на Црквата во Украина“. Согласно информациите, архиепископот во своето излагање се осврнал на привилегијата на Вселенската патријаршија да доделува автокефалии, како и на позитивните извештаи од двете комисии (на Светиот синод на ГПЦ, за Канонско право и Меѓуправославни односи, кои беа повикани да се изјаснат со став по ова прашање, н.з.).

Истите информации наведуваат дека архиепископот предложил признавање на Црквата во Украина, што било прифатено од мнозинството на Јерархијата.

„Во овој дух, препорачувам признавање на автокефалијата на Православната црква во независната Република Украина од страна на нашата Црква“ – завршувајќи рекол Блаженејшиот.

Во продолжение, митрополитите разговарале за предлозите на излагањето, додека митрополитот Кесаријански г. Даниил предложил да се донесе одлука преку јавно гласање. Конечно, Јерархијата одлучила да се завери неодамнешната одлука на Светиот синод и да се согласи дека право на Вселенската патријаршија е да доделува автокефалии.

Во секој момент се очекува и официјално соопштение на Светиот синод.