Вселенскиот Патријарх излезе од болница

Извор:

Попладнево, Архиепископот на Америка г.г. Елпидофор соопшти дека Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј добил лекарски отпуст од болницата „George Washington University“ и се чувствува добро, така што може да продолжи со планираните активности на официјалната апостолска посета. 

Неговата Сесветост г.г. Вартоломеј вчера утрото беше превентивно примен во болница, откако почувстувал немоќ пред подготовката за света Литургија. Во текот на денот, Архиепископот Елпидофор изјави дека нема никаков простор за грижа, бидејќи состојбата на Патријархот се подобрила набргу после приемот, а на сите тестови се покажалo дека е во одлично здравје.

Високопреосвештениот Архиепископ како причина за оваа привремена немоќ го објави преголемиот замор на Патријархот, наведувајќи го големиот број на активности што ги оствари во Рим, Константинопол, како и во Соединетите држави, веднаш после долгиот лет.

Игуменот на Светата Бигорска Обител, Епископот Антаниски г. Партениј, заедно со своето братство, му посакува на Неговата Сесветост крепко здравје и сили, не само за претстојните обврски, туку и уште долги години да ја води светата Црква кон мир и единство во Светиот Дух, со мудроста која му е од Бога дадена.