Вселенскиот Патријарх на официјална посета на Лондон

Извор:

Денес, на 20 октомври 2022 година, на покана на Архиепископот на Тиатир и Велика Британија г. Никита, Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх Вартоломеј замина во официјална посета на Велика Британија, со цел молитвено да учествува во прославите на стогодишнината од формирањето на светата Архиепископија.

Во рамки на посетата, Неговата Сесветост ќе оствари лична средба со Неговото Височество, Кралот на Обединетото Британско Кралство Чарлс III, во Бакингемската палата.

Утре претпладне во црквата посветена на Сите Светии во Лондон ќе се одржи Доксологија по повод пристигањето на Неговата Сесветост, а попладне тој ќе претстои за време на Големата Вечерна во свештениот храм „Свети Нектариј“, во Батерси, каде во продолжение ќе ја благослови и освети мисијата на добротворната организација.

Во сабота, 22 октомври, во утринските часови, Патријархот ќе отслужи Божествена Литургија во патријаршискиот и ставропигијален манастир „Свети Јован Крстител“ во Есекс.  Истиот ден попладне ќе претстои на Великата Вечерна во храмот „Свети Димитриј“ во Едмонтон. Потоа ќе следи официјална вечера со младината на Архиепископијата.

Во недела, Неговата Сесветост ќе претстоина Божествената Литургија што ќе се отслужи во соборниот храм „Света Софија“ во Бејсвотер, Лондон, а попладне ќе претстои на Вечерната богослужба во храмот „Свети Јаков“, на Црквата на Англија.

За време на престојот во Велика Британија, Патријархот ќе оствари средба и со поранешниот Лорд Ахмад од Вимблдон, државен секретар за Блискиот Исток, Југоисточна Азија и Обединетите нации.

Исто така ќе го посети свештениот храм „Дванаесетте апостоли“ во Хертфордшир каде што ќе го благослови почетокот на неговата општополезна работа, ќе има средби со христијански водичи на Лондон, како и со амбасадорите на Грчката Република, г. Јован Раптаки и на турската Република, г. Умит Јалцин.

Патријаршиската Синодиа се состои од: почитуваниот Митрополит на Белгија, г. Атинагора, Архиепископот на Америка, г. Елпидофор, високопреподобниот велик еклисијарх, г. Аетиј, којшто е и патријаршиски секретар, потоа г. Александар – библиотекар на Патријаршијата, архимандрит г. Агантангел – патријаршиски архивар, г. Николај Папахристу – раководител на ПР службата и протоколар на Вселенскиот Патријарх, како и г. Панајотис Графиаделис – патријаршиски службеник.

За епитроп на Патријархот беше одреден почитуваниот Митрополит на Герон Деркон г. Апостол, како и сепреподобниот велик протосингел г. Теодор.