Вселенскиот Патријарх отслужи Литургија во познатиот манастир Сумела

Извор:

На 15 Август 2021 год. Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I Константинополски отслужи Божествена Литургија во спомен на Успението на Мајката Божја во историскиот манастир Сумела во Турција. Патријархот упати молитва за покој на душите на жртвите од COVID-19 и за постраданите во неодамнешните пожари на југот и во поплавите во областа на Црното Море. Исто така тој ја искористи оваа можност да ја искаже својата благодарност што манастирот одново е отворен за јавност.

Сумела Mанастир, Турција