Објави од Георгиј И. Манѕаридис
Поучни словa
Георгиј И. Манѕаридис
Каков е современиот човек? Дали тој, ползувајќи ги современите принципи и технологии, постигнува значајни промени во надворешниот, но и во својот сопствен внатрешен свет? На ова прашање, многу импресивно одговара познатиот теолог Георгиј И. Мандзаридис: „Брзиот развој на науката и технологијата во поново време отвори многу хоризонти, но истовремено формулира и нови етички и социолошки…
Етичка тема
Георгиј И. Манѕаридис
Несомнено, една од причините е специфичната општествено политичка ситуација која владее во повеќето области со православно население. Ова меѓутоа не ја исцрпува ни ширината ни длабочината на проблемот. Една таква значајна причина, поврзана со историјата и преданијата на Православната Црква, е следнава: современата општествено-етичка проблематика, особено проблемите кои се поврзани со современата наука и технологија,…
Етичка тема
Георгиј И. Манѕаридис
Меѓутоа особена важност во соочувањето со споменатите проблеми, има присуството на Светиите во животот на Црквата. Тие не се безгрешни личности, а обично, ниту извор на овоземните мудрости. Тие се сепак, сведоци на живото Божјо присуство и како такви секогаш постоеле и постојат во историјата на Црквата. Тие во секој историски миг го чуваат вистинското…
Етичка тема
Георгиј И. Манѕаридис
Човекољубивиот став на Црквата кон верниците не мора да значи напуштање или занемарување на апсолутниот карактер на евангелските должности и заповеди. Христовото Евангелие се објавува во светот, но не произлегува од светот и не мора да се прилагодува на неговите услови. Од друга страна, етичките и социјални проблеми директно се поврзани со местото и епохата…
Етичка тема
Георгиј И. Манѕаридис
Многу проблеми од секојдневниот живот директно произлегуваат од човечката алчност. Ставот на Црквата во вакви случаи би можел да се формулира со Христовата реченица: „ Човеку, кој Ме постави да ви судам или да ве делам? Гледајте и пазете се од лакомство“. Христијанската етика го изразува Христовиот дух и духот на Неговата Црква, и…
Етичка тема
Георгиј И. Манѕаридис
Етиката има динамичен карактер. Заедно со човекот таа се движи во времето и просторот. Целта на етиката е да му помогне на човекот во неговото соочување со етичките проблеми, да раководи со него при обликувањето на правилата на етичко однесување и да го насочи кон правилен избор. Не е човекот создаден заради етиката, туку етиката…