Светоотечки поуки за постот

ПРАВИЛНОТО СФАЌАЊЕ НА ВЕЛИКИОТ ПОСТ

„Пости пред Бога на овој начин: не прави лукавство во животот свој, туку служи Му на Бога со чисто срце, пази ги Неговите заповеди, оди во Неговите повелби и не допуштај никаква зла похот во срцето твое. Верувај во Бога, имај страв божји, воздржувај се од секакво зло дело. Правејќи го тоа, ќе го направиш Великиот пост Угоден на Бога, и постојано ќе пребиваш со Него.“ (Пастир Ерма)

„Излишната храна го прави телото прекумерно натоварен кораб, кој и при мало бранче веднаш тоне на дното.“(Авва Леонтиј)

„Никогаш не може да достигне совршена чистота оној кој што се надева да ја стекне неа единствено со телесниот пост. Тој треба да знае дека воздржанието е потребно за да може, после смирувањето на плотта, полесно да стапи во борба со духовните страсти.“ (Авва Серапионт)

„Молитвата е бессилна доколку не е заснована на постот, и постот е бесплоден доколку од него не потече молитва“ (Преподобен Марко Подвижник)

„Постот не допушта злопамтење. Оној кој ги собира во умот огорчувањата и злото што му е направено, иако навидум се моли и пости, наликува на луѓето кои се обидуваат да нацрпат вода во дупнато ведро.“(Преподобен Ефрем Сирин)

„Пазете се да не го сметате постот за едноставно воздржување од храна. Оној кој се воздржува од храна, а неподобно се однесува наликува на ѓаволот кој иако ништо не јаде, сепак не престанува да греши.“ (Св. Василиј Велики)

„ Ние постиме, не за да Му укажеме некаква полза на Господа кој пострада за нас, туку за да го исповедаме, за свое спасение, страдањето Господово, што Он благоволи да го претрпи за нас. На таков начин постот наш ќе Му биде благопријатен на Бога.“ (Св. Епифаниј Кипарски)

 „Ти постиш? Нахрани ги гладните, напој ги жедните, посети ги болните, не ги заборавај затворените. Утеши ги страдалниците и оние што плачат; биди милосрден, кроток, добар, тивок, долготрпелив, незлопамтив, благоговеен, вистинит, благочестив, за Бог да го прими твојот пост и изобилно да ти дарува плодови на покајанието.“ (Св. Јован Златоуст)

Извор: pravoslavie.ru