О, кога би имал глас достоен за ангелска песна, со кој би се огласил до краиштата на светот- вака ќе проповедам: ’Пасха! Господова Пасха!‘ – и пак ќе речам во чест на Света Троица: ’Пасха!‘ Таа е наш празник над празниците и торжество над торжествата. Таа толку ги превосходи сите торжества, не само човечките и земните, туку и Христовите и за Христа определените, колку што сонцето ги надминува ѕвездите, Кај нас сè сјаеше и блескаше во прекрасна светлина, со која ние си ги исполнивте и нашите домови, и заедничките места, кога луѓето од секоја возраст и од секое достоинство обилно и штедро ја осветлија ноќта, како символ на великата светлина, која небесата ја излеваат врз целиот свет“ (Св. Григориј Богослов, Слово на Пасха).
о атмосфера на радосно пасхално ликување, Бигорската Обител го помина и третиот ден од Воскресението Христово. Секако, најголем дар на Божјото семилосрдно благоволение кон нас и денес беше Светата Литургија, началствувана од нашиот Старец, Архимандрит Партениј.