Според веќе воспоставената традиција, Старецот на Бигорската Обител, Архимандрит Партениј, со дел од братството пристигна во метохот посветен на Св. Георгиј Победоносец во Рајчица, за заедно со своето сестринство да ја умножи Пасхалната радост на овој втор ден од Воскресението Христово, отслужувајќи Пасхална Литургија. Така и во храмот на Победоносецот моќно одекна радосниот поздрав: Христос Воскресна! Благодатта што неизмерно се излеа врз верните за време на воскресното торжество и која заблежливо се чувствуваше во храмот, беше надополнета и со радоста и благодатното присуство на Св. Вмч. Георгиј Победоносец преку силното благоухание на неговите свети мошти. Оваа Литургија и посетата на Старецот во светлите денови на Воскресението беше голем дар за рајчичките сестри и голем благослов за присутните верници.
-
-
-
-
-
Спомен што го очекува Воскресението
- 7 ноември 2026
-
„Православие или смрт!“
- 5 ноември 2026
- Најчитани објави
-
-
„Православие или смрт!“
- 5 ноември 2026
-
-
Спомен што го очекува Воскресението
- 7 ноември 2026
-
-
Житија на светителите
Чуда на св. Јован
-
Ново чудо во Бигорски
- 3 февруари 2023
-
Чудата на Свети Јован во Бигорски не престануваат
- 7 септември 2022
-
Нови чуда на Свети Јован Крстител во Бигорски
- 29 јуни 2022











