Нека благовествува Земјата радост голема и Небесата да ја воспеваат Божјата слава!
Нека се радува и весели денес човечкиот род, зашто му се испрати благата вест, благовеста за неговото искупување и спасение. Му се благовествува на човекот дека ќе му се роди Спасителот, Синот на Севишниот. Пресветата Дева Марија со симрение и зачуденост се запрашува какви се тие зборови што ги слуша, зашто зборуваат за безмажно зачнување и раѓање неискажливо. Архангелот Гавриил кој слетал од Небесата со порака од Бога, ја поздравува Пречистата со трепет и почит, оти таа ќе стане поширока од Небесата, царица на Ангелите: Радувај се, Благодатна, Господ е со Тебе! Благословена си Ти меѓу жените и благословен е Плодот на Твојата утроба!
Необичниот настан и за луѓето и за ангелите, неискажливата Божја тајна на премудроста и љубовта Господова денес се прославува и со благодарност сѐ се исполнува. Нашиот монашки собор предводен од нашиот Старец и Игумен, Епископ г. Партениј со празнично бдение и Божествена Литургија го прослави празникот на Благовештението на Пречистата Владичица наша Богородица и сегогашдева Марија. А таа, мајчински нѐ прегрна и ни ги исполни срцата со радост и восхит.