Велешката прехранбена индустрија „Кристал 1923“, вчера подарила дел од нивните производи на манастирот Св. Јован Бигорски. Донацијата се состои од масло за јадење, маргарин, локум, желе.
„Донација е по повод денешниот ден, верскиот празник Иванден. Како компанија во повеќе наврати донираме наши производи на манастирот св. Јован Бигорски“, соопштија кратко од велешка Маслодајна.
Освен нивни производи донација од брашно имало и од Жито Битола.