Светиот крст ќе биде положен во водите на Радика

Свештената бигорска Обител соопшти дека со благослов на епископ Антаниски г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир светиот крст ќе биде положен во водите на река Радика, за што може да се пријават сите заинтересирани.

Свештената бигорска Обител соопшти дека со благослов на епископ Антаниски г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир светиот крст ќе биде положен во водите на река Радика, за што може да се пријават сите заинтересирани.

-Ги замолуваме сите заинтересирани кои сакаат да земат учество во чинот на полагањето на крстот во водите на реката Радика, да се пријават кај нашиот архимандрит Доситеј на следниот телефон: +389 70 342 970. (кликнете на бројот за директен линк од мобилен), стои во соопштението што Бигорски го објави вечерва.

Според сестра Ефимија по повод овој голем празник во понеделник, на 17 јануари, во 16 часот ќе почне вечерна богослужба, додека од 23 до 4 часот ќе има сеноќно бдение.

-На 18 јануари од 4 до 4:30 часот ќе има Богојавленски голем водосвет во манастирската фијала, додека во среда на денот на празникот, во 8 часот, по традиција ќе биде одржана Божествена Златоустова литургија во храмот „Пресвета Богородица“ во село Ростуше од каде во 9:30 часот ќе тргне торжествената Литија до „Ростушки мост“ на река Радика, изјави за МИА, сестра Ефимија.

Додава дека е многу важно учесниците во чинот на полагањето на крстот во водата претходно да учествуваат и на Божествената Литургија со примање на Светата причест.

-Ги замолуваме богољубивите Христијани кои сакаат да земат учество во празничните богослужби, да ги почитуваат препорачаните мерки за заштита од корона вирусот, посочува сестра Ефмија.

На традиционалното скокање по крстот, од година во годни бројот на оние кои се одлучуваат на овој чин е се поголем а заедно со верниците секогаш се и претставници на локалната власт на општина Маврово Ростуше, предвоени од првите луѓе на општината, кој го дарува оној кој прв ќе стигне до крстот.