Братството на светата Бигорска обител и сестринството од метохот во Рајчица денес ја имаа таа чест да го пречекаат достојнопочитуваниот Претседател на Р. Македонија, г. Ѓорге Иванов, кој во рамките на својата официјална посета на Дебар, заедно со генералниот секретар на неговиот Кабинет, г. Борис Јосифовски и советникот за политички прашања, г. Зоран Илиевски, посака да ги посети и нашите два манастира. Ценетите гости беа достоинствено пречекани од страна на нашиот старец, архимандрит Партениј, но и бројните присутни гости во манастирот. На блиската средба со нашиот игумен, г. Иванов го искажа своето задоволство од духовниот напредок на нашето братство и сестринство, како и својата морална поддршка за понатамошно благоуспевање во евангелско-просветното дело на Бигорската и Раичката обител.
- Ознаки:
- Посета
- Претседател
Поврзано
Благослов и духовна поткрепа за едно благородно спортско семејство
- 7 септември 2025
Средба на епископот г. Партениј со митрополитот г. Георгиј
- 18 август 2025
Посета на високи гости од Австрија во Бигорскиот Манастир
- 27 октомври 2024
Посета на амбасадорот на Австрија
- 31 мај 2024











